ФУДБАЛ

Ариен Робен се враќа во фудбалот, познато името на новиот клуб (ВИДЕО)

Одличната вест беше објавена денес, а тоа е дека Ариен Робен се враќа во фудбалот.

Негов нов клуб ќе биде клубот каде ја започна својата фудбалска кариера, кога имаше само 12 години, а секако тоа е Гронинген.

Своето деби го направи на 16-годишна возраст во тимот на Гронинген во натпреварот против Феенорд, па дури и тогаш беше јасно дека пред него има голема кариера.

Тој остави најголем белег, секако, во Баерн, каде играше феноменално, а неговиот славтн дриблинг беше нерешлива енигма за противничките играчи.

Гронинген на својот Твитер профил објави видео во кое Робен им се обрати на фановите и, меѓу другото, рече дека ги слушал нив и неговото срце.