Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој долги години го носи дресот на Динамо Загреб вечерва во Скопје беше стрелец на единствениот гол со кој хрватскиот тим славеше со 1:0 и го елиминираше Шкупи во квалификациите на ЛШ. Адеми единствениот гол на мечот го постигна во 47-та минута. Со оглед на тоа дека на првиот меч го загреб беше 2:2, Динамо ги продолжува натпреварите во следното коло каде ќе се сретне со бугарски Лудогорец.