ФУДБАЛ

Аркадиуш Милик се врати во Серија А

Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик е на прагот да се пресели во Јувентус.

 

На денешната средба меѓу неговите агенти и Јувентус е постигнат договор околу личните услови, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

 

28-годишниот полски напаѓач стана главна цел на Старата дама по проблемите со доведувањето на Мемфис Депај од Барселона, а тие сега работат напорно за да ја завршат зделката пред крајот на месечниот преоден рок.

Јувентус веќе се согласил да му плати на Марсеј два милиони евра за позајмица, со опција да го откупи за осум милиони евра.

 

Марсеј е подготвен да го пушти, желба да игра во Јувентус изрази и Милик, па се очекува многу брзо трансферот и официјално да биде потврден.

 

За време на неговите 18 месеци со Марсеј, полскиот напаѓач постигна 30 гола на 55 натпревари во сите натпреварувања и сега ќе го засили нападот на Јувентус кој не беше одличен овој викенд, откако одигра само 0-0 на гостувањето кај Сампдорија.

 

Алегри инсистираше на уште еден напаѓач, а иако имаше различни опции, на крајот изборот падна на Милик.

 

Полјакот претходно неколку сезони играше во Италија за Наполи, а претходно беше во Ајакс, Аугсбург, Баер Леверкузен и Горник, неговиот прв клуб во професионалната кариера.

ПОВРЗАНО

Серија А