ФУДБАЛ

Арнаутовиќ постигна два гола во победата на Австрија, но изјави: Не ме интересира тоа, ме интересира само масакрот во Грац (ВИДЕО)

Синоќа Австрија победи на гостински терен против Сан Марино со резултат од 4:0, но ниту еден од играчите не почувствува желба за славење по натпреварот.

Австриската репрезентација, како и целата земја, е во шок откако вчера 21-годишник масакрира 11 лица во средно училиште во Грац. Марко Арнаутовиќ, кој постигна два гола и намести еден против Сан Марино, беше депресивен по натпреварот и едвај ги задржа солзите за време на интервјуто.