Фудбалскиот свет беше многу разочаран од арогантното однесување на Килијан Мбапе на натпреварот против Монпелје.
Мбапе ги разочара љубителите на фудбалот, особено навивачите на ПСЖ откако се нафрли на теренот. Тој одбил да учествува во акциите бидејќи топката не му била додадена, при изведувањето на пеналот се обидел да му ја одземе топката на Нејмар, а наводно дошло до конфликт во соблекувалната поради што Нејмар и Мбапе завршиле во извештај до првиот човек на клубот.
Ситуацијата во ПСЖ во моментов не е нималку фантастична. Главна причина за сите проблеми е Мбапе и на другите играчи не им се допаѓа тоа што сака да биде главен за се.
Мбапе потпиша нов договор со парижаните на крајот од минатата сезона. Тој го одби Реал Мадрид поради неговата астрономска плата, а клубот му вети бројни бенефиции доколку остане на Принц Парк.
Нему му беше ветено дека тимот ќе игра за него во новата сезона. Сепак, останатите играчи не сакаат да го прават тоа и сметаат дека Мбапе мора да биде во иста категорија како и сите други и дека никој не треба да се издвојува.
Одредени информации велат дека на полувремето од мечот со Монпеље било навистина жестоко во соблекувалната. Наводно, се довело до физичка пресметка меѓу Мбапе и соиграчите, а за среќа стручниот штаб успеал се да смири.
Сепак, Мбапе ги покажа своите вистински бои. Од омилено момче стана арогантна и вообразена ѕвезда поради што сигурно ќе загуби одреден број обожаватели.
Никој не очекуваше францускиот репрезентативец да се однесува вака. Сега очите на јавноста се насочени кон него и за секој потег ќе му се суди посебно.
Ваквите конфликти сигурно ќе го поделат тимот. Мбапе е главниот негативец засега и повеќето соиграчи се на страната на Нејмар и Меси кои се на другата страна.
Килин Мбапе одигра 218 натпревари и постигна 172 гола за ПСЖ во последните пет години.