Арон Ремзи се пресели од Арсенал во Јувентус минатото лето, но остана во добри односи со навивачите на поранешниот клуб.
Сепак, тој зборуваше за доаѓањето во Јувентус минатата вечер, а имаше големо мислење за Кристијано Роналдо.
„Тој е неверојатен играч, но и одличен човек. Тој е еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Кога го видов на првата тренинг сесија, отидов во кантината и го чекав. Потоа прашав да седнам со него. Сакав да разговарам со него, а тој ми одговори скоро за сè што ме интересираше“, рече Ремзи и додаде:
„Тој навистина ги сака своите соиграчи, а на тренинзите секогаш се стреми кон максимум. Кога станува збор за Арсенал, би сакал да се вратам таму еден ден. Тие ме направија професионалец“, заврши Ремзи.