ФУДБАЛ

Арсенал без Колашинац до крајот на годината

Сеад Колашинац ќе го пропушти остатокот од годината.

Колашинац ги повреди лигаментите на десниот зглоб во поразот од Манчестер Сити (0-3) и нема да се врати на терените пред јануари.

Ова се големи проблеми пред се за Фреди Љунберг, а потоа и за новодојдениот тренер Микел Артета.

Колашинац ќе го пропушти саботниот натпревар со Евертон на „Гудисон“, потоа на гостувањето кај Бурнемут, а потоа и натпреварите со Челзи и Манчестер Јунајтед.

Тој ќе се врати на тренинзите во јануари.