ФУДБАЛ

Арсенал би можел да привлече турски репрезентативец

Играчот од средниот ред на Феенорд, Оркун Кокју може да ја продолжи кариерата во Англија, објави talkSPORT. Според изворот, 21-годишниот турски репрезентативец е баран од Арсенал.

Оваа сезона Кјоџу одигра 33 натпревари на кои постигна 5 голови и 6 асистенции. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 14 милиони евра.