ФУДБАЛ

Арсенал добива големо засилување

Арсенал би можел да добие големо засилување во јануарскиот преоден рок.

Новиот играч на „Топџиите“ би можел да стане Мароканецот, Хаким Зијеш, фантастичен фудбалер на Ајакс од Амстердам.

Според холандските медиуми, тие се подготвени да го продадат Зијеш во јануарскиот рок, со цена од 50 милиони евра за него.

Арсенал покажува сериозен интерес за овој фудбалер. Многу е можно дека 26-годишниот крилен играч на крајот ќе заврши на „Емирати“ и секако би бил големо засилување.

Хаким Зијеш е одличен во дресот на Ајакс оваа сезона и има осум гола и 21 асистенција на 28 одиграни натпревари.