Арсенал продолжи со одличната серија во Премиер лигата.
„Топчиите“ вечерва во 28. коло го совладаа Лестер со 2-0 и направија уште еден чекор до Лигата на шампионите.
Стрелци за „топчиите“ беа Партеј во 11. и Лаказет во 59. минута од натпреварот.
Гостите не покажаа многу, па тимот од Лондон сосема заслужено стигна до трите бода.
Арсенал сега е четврти со 51 бод, бод повеќе од Манчестер Јунајтед, но дури три натпревари помалку од „црвените ѓаволи“, па има одлична можност да игра во Лигата на шампионите следната сезона по неколку сезони пауза.