ФУДБАЛ

Арсенал го исфрли Њукасл од ФА купот по продолженијата

Арсенал го победи Њукасл на Емирати по продолженијата со 2:0 и се пласираше во следната рунда од ФА купот.

Топџиите беа подобар тим на овој натпревар. Сепак, тие не успеаја да го скршат отпорот на гостите, кои исто така имаа неколку големи шанси да дојдат до победата.

Трагичар е Енди Керол. Напаѓачот на Њукасл имаше шанса за два гола, еднаш промаши празен гол, а вториот пат Лено го извади чистиот гол.

По 90 минути немаше победник, но во продолженијата Арсенал сепак успеа да го скрши непријатниот ривал.

Топџиите поведоа во 109-та минута кога Емил Смит-Роу убаво погоди за 1:0 .

Сите дилеми околу победникот ги реши Обамејанг со гол за конечни 2:0 во 117-та минута од средбата.