ФУДБАЛ

Арсенал го испрати македонскиот голман во Полска

Дејан Илиев во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на полскот тим Јагелонија. Досега тој беше дел од словачкиот Серед. Арсенал, во чија сопственост е Илиев, се договорил со полскиот тим за позајмица.

Илиев во Арсенал е од 2017-та година, но сепак постојано е на позајмица, а бранеше и за младинскиот тим на премиерлигашот.