Откако Мартинез го напушти клубот, Арсенал мораше брзо да реагира и да донесе нов голман кој ќе му биде конкуренција на Лена.
Така, денес беше претставено ново засилување, а станува збор за Алекс Рунарсон кој доаѓа во Арсенал од Дижон.
Рунарсон во последните две години има 13 настапи за Дижон, а во Арсенал доаѓа на местото на првиот голман Лена.
„Ние сакаме да создадеме здрава борба за местата во почетниот состав и веруваме дека Рунарсон може да биде тоа“, рече Артета.