ФУДБАЛ

Арсенал го претстави засилувањето!

Арсенал и официјално го претстави новото засилување.

Новиот фудбалер на „Топџиите“ стана шпанскиот дефанзивец Пабло Мари (26), кој доаѓа од бразилскиот тим на Фламенго.

Мари ќе биде позајмен во Арсенал до крајот на сезоната, а ќе видиме дали тој после тоа ќе го носи дресот на овој тим.

Пред Фламенго, Пабло Мари играше за Гимнастик, Жирона, НАК Бреда и Депортиво, а од 2016 година беше врзан со договор со Манчестер Сити.

Граѓаните го продадоа на Фламенго во јули минатата година за 1,7 милиони евра, а сега од позајмицата бразилскиот тим ќе добие дури пет милиони.