ФУДБАЛ

Арсенал го сака голманот на Барселона

Голманот на Барселона, Нето, може да оди во Арсенал, пренесува „Сандеј експрес“. Според изворот, Лондончаните сакаат да се стекнат со 30-годишниот Бразилец како алтернатива на Бернд Лено.

За играчот интерес пројавуваа и Атлетико, Милан, Бетис и Севиља. Оваа сезона, Нето настапи на само четири натпревари за каталонскиот клуб на кои прими седум гола.