ФУДБАЛ

Арсенал го следи Тотенхем!

Фудбалерите на Арсенал ја оправдаа улогата на големи фаворити во мечот од 10. коло на англиската Премиер лига и на својот „Емирати“ го совладаа Шефилд Јунајтед со убедливи 5:0, а апсолутен херој беше домашниот центарфор Еди Енекети кој постигна гол хет трик денес.

Така „топчиите“ стигнаа до втората позиција на табелата со два бода помалку од лидерот и најголем ривал Тотенхем.

Арсенал поведе во 28. минута со голот на напаѓачот Еди Енкетиа. Добар центаршут упати Рајс, а Енкетиа ја искористи статичната одбрана на гостите и ја испрати топката во мрежата.

Истиот играч ја удвои предноста на домашните по само пет минути игра во продолжението. Најдобро се снајде во гостинскиот шеснаесетник по корнерот кој го изведе Сако и лошите постапки на голманот на „сечилото“ Фодерингам.

Воодушевениот Енкетија го комплетираше својот хет-трик во 58. минута по фантастичен удар надвор од шеснаесетникот.

На 4:0 од пенал зголеми Фабио Вијера на  две минути пред крајот, а во судиското надополнување Такехиро Томијасо ги постави конечните 5:0.

Во вториот натпревар кој започна во 16:00 часот, Бурнемаут го преврте Барнли и победи со 2:1.

Гостите поведоа во 11. минута со голот на Чарли Тејлор , а 11 минути подоцна Антони Семенхо го израмни резултатот.

Целосен пресврт за Бурнемаут донесе Филип Билинг на петнаесетина минути пред крајот на натпреварот.

Сепак, најинтересниот момент, поточно минутажата дојде на самиот крај. Барнли успеа да постигне гол вреден за израмнување, постигнат од замената Џеј Родригез во 89. минута, но по шест минути гледање, ВАР пресуди дека тој е милиметарски офсајд, поради што голот е поништен .

ПОВРЗАНО

Премиер Лига