ФУДБАЛ

Арсенал го забележа најлошиот учинок од 1977 година

Арсенал сега се наоѓа во својата најлоша форма во последните 42 години, по синоќешниот пораз од 2:1 на домашен терен против Брајтон.

Адам Вебстер му го донесе водството на Брајтон во првото полувреме на „Емирати“ и покрај тоа што Лаказет изедначи во второто полувреме, гол постигнат од Нил Маупеј при крајот на мечот им донесе три поени на гостите.

Лаказет постигна пет голови во Премиер лигата оваа сезона на стадионот „Емирати“. Единствениот играч кој постигна најмногу голови оваа сезона на домашен терен е фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салаху, со шест гола на „Енфилд“.

Сепак, голот на Французинот во неговиот 100 настап за Арсенал не беше доволен за да се избегне поразот на Арсенал и Фреди Љунгберг, кој го водеше тимот на Арсенал за прв пат како привремен тренер по преземање на Унаи Емерит.

Лондонскиот клуб нема победа на натпревар од 24 октомври, кога играја против Виторија Гимараеш во Лигата на Европа, кој заврши со резултат 3:2.

Ова е нивниот најлош учинок од март 1977 година, кога Арсенал не успеа да победи десет натпревари во низа. Тие исто така не победиле на домашен терен четири натпревари во Премиер лигата, најлош настап од 1995 година.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига