ФУДБАЛ

Арсенал игра како шампион: Пресврти против Фулам за четири од четири и прв на табелата

Арсенал и Фулам одиграа одличен натпревар на Емирати, а победи домаќинот.

Малото лондонско дерби му припадна на тимот на Арсенал кој по пресврт успеа да победи.

Арсенал беше многу подобар противник во првото полувреме, додека гостите се заканија на контра, но немаше голови.

Во вториот дел студен туш за домашните. Габриел се мачеше во својот шеснаесетник и ја загуби топката.

Митровиќ беше мирен и му ја украде топката, а во 56. минута резултатот на семафорот гласеше 0:1 во корист на Фулам.

Домаќините не престанаа да напаѓаат, а се исплатеше во 64. минута кога Одегард го израмни резултатот и ги врати работите на почеток.

Победата за Арсенал ја донесе фудбалерот кој погреши во голот на Фулам, Габриел.

Тој во 86. минута ја искористи грешката на одбраната на гостите и постигна гол по корнер за победа на својот тим.

По оваа победа Арсенал остана единствениот тим со четири победи од четири одиграни натпревари и остана лидер на табелата.