ФУДБАЛ

Арсенал има план за Обамејанг, но не се одвива баш најдобро

Арсенал во последно време се мачи со резултатите од Премиер лигата.

Лондонскиот клуб забележа само една победа на последните пет натпревари, заостанувајки 14 бода зад водечкиот Ливерпул.

Додека сè повеќе се зборува за заминувањето на Унаи Емери, „Топџиите“ од друга страна работат на едно останување, но може да наидат на проблеми.

Поточно, Арсенал сака Пјере-Емерик Обамејанг да потпише нов договор, но тој во моментов е несигурен дали сака да го стори тоа и ги остава отворени сите опции.

Габонецот пристигна во Арсенал во јануари 2018 година од Борусија Дортмунд и оттогаш запиша 78 настапи и постигна 50 гола.

Тој има постигнато 9 гола во сите натпреварувања оваа сезона, неговиот договор со Арсенал истекува во 2021 година и лондонскиот тим не сака да чека тој да влезе во последната година од договорот.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига