Челниците на Арсенал се заинтересирани за играчот на Реал Мадрид, Браим Дијаз, кој моментално настапува како позајмен во Милан, пренесуваат италијанските медиуми.
Челниците на лондонскиот клуб се подготвени да одвојат 30 милиони евра за овој трансфер, откако Реал не смета на повремен шпански репрезентативец.
Milan, tentazione Arsenal per Brahim Diaz: possibile offerta da 30 milioni https://t.co/Qo36SdLRef
— informazione sport (@infoitsport) March 27, 2023
Дијаз (23) сезонава за Милан одигра 31 натпревар и постигна пет гола. Во Реал пристигна во 2019 година од Манчестер Сити, а потоа во 2020 година беше испратен на позајмица во Милан.
Договорот за позајмица на шпанскиот фудбалер со италијанскиот клуб истекува на 30 јуни оваа година. Тој има договор со Реал до 30 јуни 2025 година.
Дијаз ги помина сите младински селекции на Шпанија, а одигра и еден натпревар за репрезентацијата на „црвената фурија“.
