ФУДБАЛ

Арсенал на прагот до ново засилување

Дефанзивецот на Торино, Армандо Изо е на работ да го премине Арсенал.

Според медиумите во Италија, агентот на Изо е во Лондон и го решава неговиот трансфер.

Паоло Палермо, агентот на играчот, верува дека клубовите ќе постигнат договор наскоро и дека овој дефанзивец ќе се префрли на „Емирати“ за околу 30 милиони евра.

Севиља, Лацио и Интер беа споменати како потенцијални дестинации за овој играч.

22-годишниот дефанзивец дебитираше за италијанскиот национален тим оваа година, а пред Торино играше за Џенова, Авелино и Наполи.