ФУДБАЛ

„Арсенал не може да стори ништо ако Обамејанг одлучи да си замине“

Поранешниот дефанзивец на Арсенал вели дека би било „лудо“ доколку напаѓачот се смета за вишок во составот, и призна дека може да инсистира да си замине.

Арсенал нема многу моќ ако Пјер-Емерик Обамејанг реши да го напушти клубот, вели Најџел Винтербурн, но верува дека Микел Артета може да успее да го убеди напаѓачот да остане.

„Ако играчот сака да си замине и да го прекини договорот, нема ништо што да се направи во овој поглед“, изјави легендата на „Топџиите“ Винтербурн за „Love Sport Radio“.

„Не е важно кој си или кој го имате во клубот – ако играчот сака да си замине, тој ќе замине“.

„Обамејанг има свои ставови за тоа што ќе направи. Играчите имаат клуч за сè – не можете да го натерате играчот да потпише договор “.

Арсенал се надева дека ќе го продолжи договорот Обамејанг.

Сепак, сè уште нема договор меѓу страните за подобрување на неговиот договор, кој истекува во летото 2021 година.