„Топџиите“ се уште веруваат дека можат до титулата, но за такво нешто се прашува Манчестер Сити кој од пред ти кола е лидер и само со кикс, а победи на Арсенал, титулата ќе оди во Лондон. Попладнево Арсенал славеше на тешкото гостување, на супер одличниот сезонава Њукасл со 0:2. Откако го купија Арапите, Њукасл стана најбогат тим во Премиер лигата, а со неколку добри засилувања, заслужено се во моментов на третата позицја на табелата.
Сепак, решение попладнево за Арсенал немаа. Одегард во 14-та минута му донесе предност на гостинскиот тим, а во 71-та минута Шар со автогол ја потврди победата на „Топџиите“.
