Тимот на Арсенал ќе биде ослабен на утрешното дерби со Вест Хем. Менаџерот на „топџиите“ Арсен Венгер ќе ги нема на располагање повредениот Шкодран Мустафи и Арон Ремзи.
Арсенал е на петтото место на табелата и ќе бараат трета последователна победа над градскиот ривал, кој го победи шампионот Челзи (1:0) во последниот натпревар.
Мустафи нема да се врати. Може да е подготвен да игра против Њукасл в сабота. Ќе го немаме ниту Ремзи. Сите останати треба да се на располагање. Оливие Жиру е многу важен играч и имам голема почит кон него. Лично јас сакам тој да остане во клубот, рече Венгер.