ФУДБАЛ

Арсенал планира да се засили со талентираниот Бразилец од Реал

Бразилското крило Винисиус Жуниор е мета на Арсенал.

Менаџерот на лондонскиот тим, Микел Артета, заедно со управата ја разгледуваат можноста за доведување на квалитетен напаѓач, а една од желбите е и талентираното крило на Реал Мадрид.

Арсенал има добри односи со Реал, па ќе се обиде да го ангажира Виниус Жуниор во јануари, иако е многу сомнително дали имаат намера да го пуштат во клубот каде 20-годишникот постигна три гола оваа сезона со три асистенции на 19 натпревари.

Претходно имаше информација дека раководството на мадридскиот гигант се подготвува да им ги понуди на Јувентус, Винисиус и Иско во замена за Дибала, а интересно е што и двајцата играчи на кралскиот тим се мета на Арсенал, кој мора итно да донесе добри играчи бидејќи може да падне уште повеќе.

Во секој случај, Арсенал се очекува да биде ангажиран во текот на јануари и да се обиде да добие неколку врвни имиња во нивниот тим.