ФУДБАЛ

Арсенал се разигра на крајот, со 4:0 го совлада Њукасл

Фудбалерите на Арсенал вечерва го совладаа Њукасл Јунајтед на „Емирати“ со 4:0 во 26 коло од англиската Премиер лигата.

Оваа победа беше буквално морална за „Топџиите“ затоа што во Премиер лигата не знаат за победа веќе четири кола, поради што се приближија до долниот дел од табелата.

Денес славеа победа од 4: 0, постигнувајќи ги сите свои голови во второто полувреме. Кога станува збор за првото полувреме, немаше посебни шанси, само по една солидна можност од обете страни, но немаше промена во резултатите.

На самиот почеток на вториот дел Арсенал одлиучна игра и постигна два брзи гола. Пјер-Емерик Аубамејанг погоди во 54. минута, а Николас Пепе ја затресе мрежата само три минути подоцна. И Њукасл во неколку наврати можеше да се врати на натпреварот, но не искористи ниту една од шансите. На самиот крај, „Топџиите“ го казнија и славеа убедлива победа со головите на Озил во 89. и Лаказет во 95. минута.

Арсенал сега е на 10. место на табелата со 34 бода, додека Њукасл со 3 бода помалку е на 12. место на табелата.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига