ФУДБАЛ

Арсенал се вклучи во борбата за потписот на големата ѕвезда: Ќе доживее ли нов крах?

Арсенал во јануари доживеа голем колапс на трансфер пазарот.

Лондонскиот клуб покажа најголем интерес за доведување на Душан Влаховиќ од Фироентина, но напаѓачот од Србија одби неколку нивни понуди и премина во Јувентус.

Англиски „The Mirror“ сега тврди дека и Топџиите се вклучиле во борбата за доведување на Дибала, кој очигледно на лето ќе го напушти Јувентус и ќе стане слободен играч.

Исто така, се верува дека Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челзи се меѓу клубовите од Премиер лигата кои сакаат да потпишат договор со 28-годишниот Аргентинец, но за него ќе мора да се борат против Арсенал бидејќи Микел Артета се обидува да го донесе овoj офанзивен играч за врска.

Дибала и Јувентус најпрво се договорија за петгодишен договор вреден 6,7 милиони фунти годишно пред Божиќ, но челниците на Јувентус променија одредени точки во договорот „пет до дванаесет“, па не дојде до потпишување.

Сега се чини тешко дека аргентинскиот ас ќе го продолжи престојот во Торино, а неговите претставници веќе бараат нов клуб за одличниот офанзивец.

Најдобрите шест во Премиер лигата, како и Пари Сен Жермен и Милан стапија во контакт со агентите на Пол Дибала во врска со неговото доведување следното лето.

Да потсетиме, Дибала пристигна во Јувентус од Палермо во 2015 година за 41 милион евра, а кариерата ја започна во родната Аргентина.

Со Јувентус пет пати беше шампион на Италија, четири пати Куп на оваа земја и три пати Суперкуп. Можеше да стигне и до четврти во јануари, но беше поразен во финалето од Интер.

За репрезентацијата на Аргентина настапуваше вкупно 31 пати и постигна само два гола.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига