ФУДБАЛ

Арсенал со максимален учинок и во Милано, Реал Мадрид го згази противникот, порази на Сити и ПСЖ (ВИДЕО)

Арсенал останува со максимален учинок и по гостувањето кај Интер. Победи со 3:1, целосно надигрувајќи го својот противник и секако остана на лидерската позиција со 21 бод од седум одиграни меча, единствен тим кој забележал победи на сите мечеви во досегашниот тек од ЛШ. Вреди да се напомене дека избраниците на Артета на седум меча примиле само два голови.

 

По поразот и елиминацијата во Купот на Шпанија од второлигашот Албасете на првиот меч на новиот тренер Арбелоа, Реал Мадрид против Монако се „распука“. Победи со 6:1 и практично најави дека овој меч би можел да биде пресвртница во нивните понатамошни резултати.


Резултати ЛШ/вторник 7.коло

КАИРАТ АЛМАТИ – КЛУБ БРИЖ 1:4

БОДО ГЛИМТ – МАНЧЕСТЕР СИТИ 3:1

КОПЕНХАГЕН – НАПОЛИ 1:1

ИНТЕР – АРСЕНАЛ 1:3

ОЛИМПИЈАКОС – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 2:0

РЕАЛ МАДРИД – МОНАКО 6:1

СПОРТИНГ – ПСЖ 2:1

ТОТЕНХЕМ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 2:0

ВИЉАРЕАЛ – АЈАКС 1:2

Standings provided by Sofascore