Доста возбудливи беа денешните натпреварит од третото коло од англиската Премиер лига.
Арсенал со пресврт дојде до победа над Вест Хем (3:1). Гостите дојдоа први до водство во 25. минута од натпреварот со голот на Арнаутовиќ, но само пет минути подоцна Монреал изедначи на 1:1
Во продолжението от натпреварот Арсенал со автоголот на Диопа доаѓа до водство и победа после два порази. Победата ја потврди Велбек со голот во судиското продолжение по асистенцијата на Белерин.
На средбата помеѓу Бурнамут и Евертон заврши нерешено (2:2), но имаше и две исклучувања. Ричарлисон направи глупост во 41. минута и доби директен црвен картон, но во продолжението и со играч помалку гостите сепак стигнаа до водство од 2:0.
Потоа Смит од Бурнамут беше исклучен, но со головите на Кинг во 75. и Аке во 79. минута го враќа домашниот тим во живот и со бод го завршуваат натпреварот.
Мрежите не се тресеа на дуелот Хедерсбилд и Кардиф, додека Лестер со пресврт дојде до победа над Саутемптон (2:1). и на двата натпревари имаше по едно исклучување.