Арсенал овој јануари се обиде да го доведе Душан Влаховиќ од Фиорентина, но кога не успеа, се сврте кон друг напаѓач од Србија.
Имено, шпанските медиуми утринава објавија дека Арсенал и Реал Мадрид започнале преговори, а главна тема е Лука Јовиќ кој е на излезната врата од кралскиот клуб.
Јовиќ и оваа сезона не покажа многу во дресот на Реал, а како што стојат работите би можел да замине на нова позајмица. Се шпекулираше дека ќе се врати во Германија, но сега во се е вмешан Арсенал.
„Топчиите“ стапија во контакт со Реал Мадрид и рекоа дека се подготвени да го доведат Јовиќ на позајмица до крајот на оваа сезона со можност да го откупат неговиот договор на лето.
Микел Артета смета дека Јовиќ би бил големо засилување во нападот каде моментално на располагање го има само Александре Лаказет.
Познато е дека Арсенал го суспендираше Пјер-Емерик Обамејанг, кој најверојатно ќе го напушти клубот, а се чини дека нов напаѓач на Топник во продолжението од сезоната би можел да биде Јовиќ.
24-годишниот напаѓач во досегашниот дел од сезоната одигра 15 натпревари за Реал Мадрид и постигна само еден гол и постигна уште две асистенции.