Пјер-Емерик Обамејанг се најде во центарот на вниманието откако пред неколку дена Микел Артета го отстрани од првиот тим.
Арсенал играше против Саутемптон, а Артета одлучи Габонецот да го нема во конкуренција на овој меч, што ги изненади навивачите на лондонскиот клуб.
Артета подоцна откри дека Обамејанг ги прекршил правилата на лондонскиот клуб, а сето тоа кулминираше кога тој не се појави на тренингот на својот тим во петокот.
„За жал, поради дисциплински прекршок Аубамејанг денеска не е меѓу нас“, изјави Артета пред натпреварот против Саутемптон.
Сепак, ова не е единствената казна што ја доби Обамејанг поради прекршување на правилата. Лондонскиот клуб реши да му ја одземе капитенската лента на Обамејанг, а тоа го направија во договор со Артета.
Исто така, Арсенал потврди дека Обамејанг се уште е надвор од првиот тим, и дека нема да биде во конкуренција за утрешниот натпревар против Вест Хем.
„Очекуваме сите играчи, особено нашиот капитен, да ги почитуваат правилата и стандардите поставени од овој клуб пред нив. На Обамејанг му е одземена капитенската лента и нема да биде во конкуренција за утрешниот меч против Вест Хем“, соопштија од Арсенал.
An update on Pierre-Emerick Aubameyang
— Arsenal (@Arsenal) December 14, 2021