ФУДБАЛ

Артета: Да се ​​подготвиме за предизвикот пред нас

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е задоволен од одлуката на Премиер лигата да го усвои правилото за пет измени во првенствените натпревари.

Натпреварувањето во Англија продолжува по репрезентативната пауза. Арсенал во понеделник ќе му гостува на Кристал Палас.

„Сите играчи ќе бидат на тренинзи, ќе се обидеме да го насочиме нивниот фокус на клубот. Кога имаат репрезентативни обврски, од нив се очекува да прават различни работи, имаат различни улоги“, изјави Артета.

„Сега мораме да се погрижиме сите да се добро и да се подготвиме за предизвикот што ни претстои“, вели тој.

Премиерлигата во четвртокот потврди дека од следната сезона ќе важи правилото за пет измени.

„Среќен сум што ги имам истите правила како и остатокот од Европа. Ќе има некои промени, бидејќи во тој случај имате повеќе опции. Тоа исто така може да го намали товарот на играчите“.

Натпреварот меѓу Кристал Палас и Арсенал е закажан за в понеделник од 21 часот. Тимот на Артета моментално е четврти на табелата со 54 бодови.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига