ФУДБАЛ

Артета ги израдува фановите: Се чувствувам многу подобро

Пред два дена Арсенал потврди дека тренерот на овој тим, Микел Артета, има коронавирус.

Откако беше потврдено дека Артета е заразен, лидерите во Премиер лигата решија да го прекинат натпреварувањето до 4. април. Но, секако е добра вест дека тренерот на Арсенал се чувствува добро и се опоравува успешно.

Шпанскиот стручњак твитна и им се заблагодари на сите за пораките за поддршка што ги доби во изминатите два дена. Тој рече дека се чувствува добро и ги советува сите да ги следат упатствата на лекарите.

„Благодарам на сите за вашата поддршка. Се чувствувам подобро веќе. Соочени сме со голем предизвик и најважно е здравјето на сите луѓе. Пазете се и заштитувајте се следејќи ги упатствата на надлежните органи. Ние ќе го надминеме тоа“, напиша Артета

ПОВРЗАНО

Премиер Лига