Коронавирусот ја зафати Премиер лигата на Англија.
Се поголем број натпревари се одложени, а денеска е потврден нов случај.
Имено, менаџерот на Арсенал, Микел Артета е позитивен по тестирањето.
Артета сега ќе биде во изолација, а ќе го пропушти и мечот со Манчестер Сити на 1 јануари.
Оваа информација ја потврдија од Арсенал.
Сити е лидер на табелата, додека Арсенал е четврти. Во последните четири натпревари Топџиите забележаа исто толку победи.