Поразот од Ливерпул, трет врзан во сите натпреварувања, ги вклучи сите аларми во Арсенал.
Тимот на Микел Артета не наликува на ланскиот, особено во последните неколку натпревари, а поразот од Ливерпул повторно наметна голем број теми.
Пред се, во нападот, бидејќи Габриел Жесус е единствениот вистински напаѓач, Каи Хаверц повторно се најде на мета на критичарите, додека Артета повеќе би сакал да го продаде Нкети и да донесе нов голгетер. Но, тоа во моментов не изгледа реално.
„Нов напаѓач во јануари? Во моментов тоа е нереално. Мојата работа е да ги подобрам играчите што ги имам на располагање“, изјави Артета.
Да потсетиме, Ајвон Тони најчесто се споменуваше како мета на Арсенал, но проблемот е што Брентфорд за својот напаѓач бара 100 милиони евра.
Се споменува и Доминик Соланке, кој е поевтина опција, но не и прв избор на Артета.
Арсенал испадна и од ФА Купот, во Лигата на шампионите се среќава со Порто, а во Премиер лигата е четврти со пет бода помалку од Ливерпул.
