ФУДБАЛ

Артета лично го повикува Ракитиќ

Постојат големи шанси Иван Ракитиќ да ја напушти Барселона ова лето, клуб во кој повеќе не е незаменлив член на првиот тим.

Шпекулациите за неговото враќање во Севилја најчесто можат да се прочитаат, но сега се појавија информации дека Ракитиќ би можел да му се придружи на Арсенал.

Францускиот „Le10Sport“ тврди дека тренерот на Арсенал, Микел Артета лично го контактирал Иван Ракитиќ за да се обиде да го убеди да дојде на „Емирати“.

Бидејќи Арсенал веројатно нема да може да го реализира трансферот на Дани Себаљос од Реал, Артета сака уште еден играч од средниот ред, по можност искусен. Ова е местото каде Иван Ракитиќ се вклопува во приказната.

Проблемот за Арсенал е тоа што Ракитиќ наводно и кажал на Артета дека Англија не е приоритет за него и дека би сакал да остане во Шпанија или да замине во Италија.