Арсенал го има најлошиот старт во лигата во последните 67 години.
„Топџиите“ забележаа три порази во воведните три кола и репрезентативната пауза им беше корисна за да се обидат да се консолидираат, но Микел Артета не е толку загрижен, иако столот почна сериозно да се тресе.
“Имавме проблеми со повредите. Луѓето не разбираат некои работи, а потоа коментираат. Сега тимовите ќе бидат сосема нови и ќе започнеме со победи”, рече Артета, а потоа продолжи:
“Ни требаше пауза. Разговаравме со играчите, свесни сме за ситуацијата во која се наоѓаме, но не сме загрижени. Сезоната само што започна и ќе започнеме со серија триумфи”.
Арсенал ќе игра против Норич во текот на викендот и се освен триумф ќе биде нов шок за навивачите на Арсенал и веројатно капка што ќе ја прелие чашата кога е во прашање судбината на Микел Артета на клупата на лондонскиот тим.