ФУДБАЛ

Артета најде ново засилување во Манчестер Сити

Арсенал игра очајно оваа сезона, а многумина главниот виновник за тоа го гледаат во тренерот, Микел Артета.

Сепак, тој ја има целосната поддршка од управата на клубот, и веќе започна да разговара со потенцијалните засилувања во јануарскиот преоден рок.

Наводно, првиот на списокот е стоперот од Манчестер Сити, Ерик Гарсија, кого Артета многу го цени затоа што работел со него.

За Артета тој е идеален фудбалер кој одлично би се вклопил со Габриел, но прашање е дали тоа навистина ќе се случи.

Сити минатото лето побара 20 милиони фунти за Гарсија, но сега влезе во последната година од договорот, а цената може да падне.