Менаџерот на Арсенал, Микел Артета призна дека размислувал да го напушти клубот по сезоната 2022/23 во која неговиот тим ја пропушти титулата во Англија. Неговиот тим најголемиот дел од последната кампања го мина на врвот, но на крајот го намали темпото и му ја „подари“ титулата на Манчестер Сити.
„Првите неколку недели беа многу тешки. Прво, треба да се погледнете во огледало и да видите дали има нешто што сте можеле да направите подобро или поинаку. Ако е така, тогаш треба да научите лекција.
Се оценувате себеси и се прашувате: „Дали сте вистинската личност која ќе продолжи да го води тимот онака како што сакате? Дали имате енергија и верба што сакате. Ми требаше многу размислување, а јас си реков: Чувствувам голема енергија и позитивно сум расположен“ , прокоментира Шпанецот, цитиран од „БВС“.
