Фудбалерите на Арсенал синоќа беа поразени со 3:1 од Ливерпул во 3. коло од Премиер лигата.
Ливерпул беше многу подобар тим и оствари рутинска победа против „топџиите“, кои успеаја да поведат со 0:1.
Сепак, домашниот тим ја покажа целата своја сила, и го сврте резултатот и на крајот оствари сигурна победа.
По натпреварот, тренерот на Арсенал со една реченица објасни зошто Ливерпул е толку тешко да се победи.
„Ако поминете низ пресингот на Ливерпул, тогаш наидвате на Ван Дајк, кој ја зема топката и испраќа 50-метарска игра за Салах и тоа е тоа“, рече Артета.