ФУДБАЛ

Артета: Среќен сум во Арсенал, не ме интересира ПСЖ

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета демантираше дека би можел да биде нов тренер на Пари Сен Жермен и додаде дека е среќен во лондонскиот клуб, пренесува „Марка“.

Некои медиуми објавија дека шпанскиот фудбалски стручњак би можел да го води ПСЖ следната сезона.

„Можам само да кажам дека сум среќен во Арсенал. Сопствениците на клубот ја ценат мојата работа, а имам уште многу работи да направам за овој клуб. „Многу сум среќен, но верувајте дека сум неверојатно благодарен што сум менаџер на Арсенал“, изјави Артета.

Тој истакна дека е задоволен од игрите на Габријело Жесус и Александар Зинченко.

„Зошто носиме играчи од Манчестер Сити? Одговорот е лесен. Тие се многу добри играчи, ги познавам, бидејќи со некои од нив сум работел и претходно. Ги сакав Хесус и Зинченко во Арсенал поради нивниот неверојатен талент, но и поради нивните човечки вредности“, изјави Артета.

Менаџерот на Арсенал најави засилување во летниот преоден рок.

„Веќе го освеживме тимот. Заедно со сопствениците сакаме да изградиме победнички тим, кој би бил одржлив на долг рок. Ни требаат нови играчи, а ние ќе излеземе на пазарот и ќе го потпишеме договорот со оние фудбалери кои ни требаат“, додаде Артета.

Тој беше запрашан дали Арсенал е блиску до потпишување на Деклан Рајс и Каи Хаверц.

„Жал ми е, но не можам да зборувам за играчи кои не се од Арсенал. Можам само да кажам дека Хаверц е исклучително талентиран играч. Тој веќе покажа многу, а талентот има цена“, заврши Артета.