Откако договорот беше постигнат во март, Барселона и Гремио ги договорија сите услови за трансферот, така што Бразилецот, Артур стана нов засилувач на каталонскиот гигант.
Трансферот на Артур од Гремио е потврден од Барселона, а Каталонците ќе платат 31 милион евра на бразилскиот клуб со дополнителни 9 милиони евра преку бонуси.
👋 Welcome @arthurmeloreal! Bem-vindo!
⚽️ #EnjoyArthur
🔵🔴 #EnjoyBarça pic.twitter.com/18YQ4uOXjW— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 9, 2018
Иначе, Артур ќе потпише шестгодишен договор со Барселона, а неговата клаузула за откуп ќе изнесува 400 милиони евра.
Како што велат од Барса, Артур веднаш ќе се приклучи на првиот тим, а наскоро се очекува и неговата официјална презентација на Камп Ноу.