Артур Мело нема да биде во конкуренција за последниот натпревар од сезоната што Барселона го игра против Алавес.
Бразилскиот играч од средниот ред веќе подолго време не е во плановите на Кике Сетиен, па затоа не сакаше да патува со тимот на последниот натпревар во првенството.
Сетиен објасни зошто Артур не би играл.
„Тој влезе и рече дека има болка во глуждот и не може да игра“.
Сепак, реално е дека Артур не сака да игра поради односот на Сетиен кон него и нема сомнение дека не може да дочека да замине во Јувентус.