Артур Мело беше прилично зафатен претходниот викенд. Тој беше во Виго во саботата, а веќе во недела се појави во Торино.
Откако играше неколку минути во натпреварпт против Селта (1:1), Артур се упати кон Торино каде во неделата беше подложен на лекарски преглед и потпиша договор со Јувентус.
Иако сè уште нема официјална потврда, трансферот на бразилскиот играч од средниот ред меѓу Бјанконерите е завршена зделка и тој ќе игра за „Старата дама“ следната сезона.
Утрово Артур се појави на тренинзите во Барселона. Пред почетокот на тренинзите, тој ги собра своите соиграчи во центарот и одржа емотивен говор.
Како што говореше 23-годишникот, сите слушаа интензивно, вклучително и најголемите sвезди. Бразилскиот фудбалер ги објасни причините зошто се случи трансферот, но и го даде својот збор дека нема да ги изневери.
🗣 ¡ARTHUR TOMA LA PALABRA!
👋 ¿Momento de la DESPEDIDA? pic.twitter.com/pU27lMDP6g
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) June 29, 2020
Артур вети максимална посветеност и борбен дух до крајот на сезоната, по што нови предизвици го очекуваат во Јувентус.
Според информациите од Италија, играчот од средниот ред потпишал петгодишен договор со најтрофејниот италијански клуб. За возврат, Барселона ќе го добие Миралем Пјаниќ и 10 милиони евра.