Играчот од средниот ред на Интер, Артуро Видал ги договорил личните услови со аргентинската Бока Јуниорс, потврди неговиот близок пријател за Радио Ла Ред. Договорот на 35-годишниот играч од средниот ред истекува во јуни 2023 година, но Чилеанецот не е дел од плановите на тренерот Симоне Инзаги за новата сезона и се очекува договорот да биде раскинат со заедничка согласност.
Видал има понуда и од турски Галатасарај, а интерес пројавува и бразилскиот Фламенго. „Бока Јуниорс работи доста брзо и мислам дека има 7-80 проценти шанси договорот да се реализира“. На Артуро не му се парите, инаку ќе отидеше во Катар и САД. Тој сака повторно да ја доживее страста за фудбалот. Ова е важно за неговата кариера“, откри преку медиумите Гонзало Васкез.
Тренерот на Бока Јуниорс, Себастијан Батаља, исто така, потврди дека е запознаен со разговорите. „Сепак, сè уште немав можност да разговарам со него. Знаеме каков играч е Видал и што би значело неговото доаѓање за нас, па сме многу возбудени“, изјави Батаља.