ФУДБАЛ

АС на насловната прикажа одлични засилувања во дресот на Реал: Мбапе и уште двајца

Реал Мадрид на лето ќе има најмалку тројца нови играчи.

Мадридскиот весник АС беше крајно директен со насловната страница на која беа претставени три лика во дресот на Реал. Одблиску, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, но уште двајца кои наводно, како Французинот, ќе го носат дресот на кралскиот тим од летото.

Во дресот на Реал место на насловната страница на мадридскиот спортски весник се најде и стоперот на Челзи, Антонио Рудигер, кој наводно ги прифатил условите и како слободен играч доаѓа во најтрофејниот клуб во светот.

Според новинарот Никола Шире, германскиот репрезентативец бара четиригодишен договор, но и плата од 12,5 милиони евра за секоја сезона. Во исто време, Рудигер исто така сака бонус од 20 милиони евра. Со оглед на тоа дека нема обештетување кое би отишло за Челзи, не е толку страшно.

Покрај него и Мбапе, насловната страница ја краси и Аурелиан Чоамени, дефанзивниот играч за врска на Монако кој наводно се договорил со Реал.

 

22-годишниот Французин веќе има осум настапи за Франција со еден гол и долго време соработува со Мбапе преку репрезентации бидејќи претходно заедно играа во младинските репрезентации на Триколорите.

Тој порасна во Бордо, но на почетокот на 2020 година за 14 милиони се пресели во Монако, чиј член е се’ уште. Тој има договор до летото 2024 година, поради што Реал треба да плати обештетување, а вредноста на играчот се проценува на околу 40 милиони евра.

Нема сомнеж дека навивачите на Реал ќе бидат пресреќни доколку сите овие гласини се остварат, но се чини дека тоа не е далеку од вистината бидејќи АС и понатаму е еден од угледните и етаблирани весници во Шпанија чии новинари буквално живеат со Реал 24 часа.

Мадриѓаните, пак, повторно ја освојуваат титулата во Шпанија, а во Лигата на шампионите се во полуфиналето каде ќе се сретнат со Манчестер Сити, додека претходно ги исфрлија ПСЖ и Челзи.