ФУДБАЛ

Асенсио би можел да го напушти Реал Мадрид

Марко Асенсио би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната.

Менаџерот на Асенсио, Жорге Мендеш е во преговори со Мадрид, а на фудбалерот наводно му биле понудени седум милиони евра по сезона.

Сепак, тоа не го задоволува фудбалерот кој не сака да се соочи со уште една сезона во која нема да биде првотимец.

Наводно го посакуваат Милан и Арсенал, а неговиот договор е со важност до летото следната година.

Во случај сега да не ја продолжи соработката, Реал сигурно ќе се обиде да го продаде за да не си замине бесплатно.

Асенсио оваа сезона забележа 38 настапи со 11 голови и една асистенција.

Во Реал пристигна од Мајорка во 2015 година.