ФУДБАЛ

Асенсио: Не сум одговорен за слабите игри, има играчи со подобар статус од мојот

Младиот Марко Асенсио индиректно изрази незадоволство поради статусот во Реал Мадрид.

Иако очекуваше многу повеќе од оваа сезона, Асенсио натпреварите многу ретко ги почнуваше од првата минута и често беше на клупата за резерви. Токму поради тоа тој порача дека не е одговорен поради лошите натпревари на Реал оваа сезона.

„Не сум јас одговорен за кризата во Реал. Не морам јас да бидам тој кој треба да го преземи кормилото на тимот. Во клубот има и постари и поискусни играчи од мене, а и со подобар статус од мојот. Нека го прават тоа тие, а не јас.“ кажа Асенсио.

Во досегашниот дел од сезоната, Асенсио одигра 12 натпревари во Ла Лигата и три во Лигата на шампионите. Во стрелците се запиша еднаш, при што три пати асистираше.

ПОВРЗАНО

Ла Лига