Селекторот македонската женска кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов денес го објави поширокот список на кошаркарки за ноемврискиот ФИБА „прозорец“. На отворањето на евро-квалификациите, нашите најдобри кошаркарки ќе играат на гостински терен со Португалија, а дома против Србија.
На списокот на Ашаданов се најдоа:
Анџелика Митрашиновиќ
Тијана Митрева
Матеа Николиќ
Ивона Кожобашиовска
Александра Стојановска
Нена Трајчевска
Мерит Хемпе
Милица Николиќ
Ивана Кметовска
Катерина Поп-Димитрова
Елена Тасевска
Сања Адамовска
Илина Селцова
Ања Начевска
Марија Димитријевиќ
Клементина Модева
Михаела Алексовска.
Првиот собир селекторот Ашаданов го закажа за 6 ноември. Средбата со Португалија е на 9 ноември во Матошинос, три дена подоцна во Скопје доаѓа Србија.
