Астана го победи Манчестер Јунајтед со 2:1 во Лигата на Европа.
„Црвените ѓаволи“ ризикуваат да паднат на втората позиција ако вечерва АЗ Алкмар го победи Партизан…
Манчестер Јунајтед излезе со „деца“ во составот, откако Солсакјер ги остави sвездите дома, и не успеа да добие бод на гостувањето кај Астана.
Јунајтед го започна натпреварот добро постигнувајќи 1-0 во 10. минута, голот го реализира Џеси Лингард.
Додека Јунајтед имаше можност и не ја искористи, сè се смени во 55-та минута кога Дмитриј Шомко погоди за 1-1.
И неколку минути подоцна, во 62-тата минута, Астан дојде до пресврт со автоголот на Бернард, а на крајот и конечен резултат 2-1.
Астана ја оствари својата прва победа во Лига Европа во групата Л, додека Јунајтед продолжува да биде лидер дури и по поразот.
Но, би можеле да го загуби првото место ако АЗ Алкмар вечерва го победи Партизан.
Краснодар на домашен терен славеше против Базел со резултат од 1-0, благодарение на Ари кој постигна гол од пенал во 72. минута.
Гетафе на гостувањето кај Трабзонспорт, издвои минимална победа од 1-0 со голот на Мата во 50. минута.